Системот за издавање на е-потврди е со цел да го олесни пристапот до податоци со кои располага Централниот регистар за бизнис заедницата, а воведен е согласно мерките предвидени во четвртата фаза на Регулаторна гилотина започна да функционира во мај годинава. Системот, како што објасни директорот на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски овозможува нарачка и плаќање на документите по електронски пат и нивно подигнување електронски или во хартиена форма на шалтерите на Централниот регистар. Најголема придобивка од овој систем е упростување на процедурите и постапките за добивање потврди. Целта на системот е сите податоци да бидат лесно достапни и да им помогне на компаниите при добивање на одредени одобренија и лиценци, како и при донесување на некои деловни одлуки.
Системот за издавање на е-потврди е со цел да го олесни пристапот до податоци со кои располага Централниот регистар за бизнис заедницата, а воведен е согласно мерките предвидени во четвртата фаза на Регулаторна гилотина започна да функционира во мај годинава.
Системот, како што објасни директорот на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски овозможува нарачка и плаќање на документите по електронски пат и нивно подигнување електронски или во хартиена форма на шалтерите на Централниот регистар.
„Најголема придобивка од овој систем е упростување на процедурите и постапките за добивање потврди. Целта на системот е сите податоци да бидат лесно достапни и да им помогне на компаниите при добивање на одредени одобренија и лиценци, како и при донесување на некои деловни одлуки, изјави Костадиновски.
Според премиерот Никола Груевски, Македонија направила огромен скок на полето на подобрување на условите за водење на бизнис и на подобрување на бизнис климата.
„Во сите овие години покажавме и докажавме дека ако се сака може да се постигнат големи резултати на полето на уривање на бирократските процедури и бариери. Преминување од хартиена во електронска форма, дигитализација и перманентно воведување на многу нови услуги кои се од корист за компаниите и бизнисот. Резултатите се гледаат и ги чувствува секој граѓанин, фирма, банка, управител, сметководител и извршител", рече Груевски.
Системот треба да ја олесни административната работа на компаниите, бидејќи преку е-потврди ќе им се олесни пристапот на компаниите до многу информации и податоци.